Трета година ќе биде по ред како ја најавуваат таа мерка за поврат на 15% од ДДВ, 150 милиони евра се во прашање. Да видиме како тоа ќе го реализираат. Јас навистина се надевам дека тоа конечно ќе се реализира.
Но не гледам како физички, посочи Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, при гостување на емисија на МРТ1. Мицкоски образложи дека денеска како што го слушнал министерот за финансии се уште ги анализира добрите и лошите страни на таа мерка.
А, пред некој ден премиерот тоа го најави малтене од први јули започнува таа реализација. Сега кого да слушаме? Чуварот на касата или човекот кој има желба? Збунети се граѓаните, нагласи Мицкоски.