Мицкоски: Правиме напори за формирање ново парламентарно мнозинство

80
0
SHARE

Правиме напори за формирање ново парламентарно мнозинство што ќе значи зафаќање со сериозна работа за надминување на тешката криза во која се наоѓа државата, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на средбата со германската амбасадорка, Енке Холштајн.

На состанокот станало збор за актуелната политичка состојба, изборите и идните стратешки приоритети.

Мицкоски се надева на формирање мнозинство, како што вели, врз основа на добиената доверба од граѓаните и верувајќи во принципите и вредностите кои беа елаборирани од страна на Коалицијата за обнова на Македонија.

Тој пред амбасадорката дал оценка дека изборите не биле фер и демократски бидејќи власта спровела низа прекршувања, поткупи и неправилности во текот на гласањето со што сериозно се нарушува демократскиот фундамент на изборите.

„Државата доби и сериозни забелешки за изборите нотирани од мисијата на ОБСЕ. Освен тоа што власта го осиромаши народот и ја втурна Македонија во тешка финансиска криза, спроведе организиран поткуп тежок неколку милиони евра. Со ваквото однесување се докажа дека власта прави озаконување на криминалот и корупцијата како главен супстрат на нивното делување“, рече Мицкоски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here