Могерини на вонредна и итна средба со Вучиќ во Белград

609
0
SHARE

Високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, доаѓа вечерва во Белград на средба со претседателот Александар Вучиќ, потврди Брисел.

Нејзината портпаролка, Маја Коцијанчиќ, истакна дека Могерини ќе пристигне во Белград со цел да разговара со Вучиќ за дијалогот помеѓу Белград и Приштина.

Могерини во Белград ќе пристигне вонредно, поради случувањата на Косово и Метохија.

Претходно претставници на Српската партија во Косово објавија дека ќе ја напуштат владата и самоиницијативно ќе почнат со основање на Заедницата на српските општини.

Основањето на ЗСО е предвидено уште пред пет години, кога беше потпишан бриселскиот договор.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here