Моќни реченици кои ќе ви помогнат да ја зачувате вашата врска

509
0
SHARE

Доколку ја сретнете личноста на вашиот живот, се вљубувате без да забележите и летате во облаци. Но што се случува кога новата љубов почнува да бледнее? Како да ја спасите врската од распаѓање? 

Магијата на следните четири реченици ќе ви помогне околу тоа.

„Те сакам”

Желбата и потребата да бидеме сакани е основна човечка потреба. Сите сакаме да бидеме сакани, но и сите треба да сакаме. На почетокот на нашите животи ја осознаваме родителската љубов, потоа, кога сме во врска, се запознаваме со нов вид на љубов и така, во текот на целиот наш живот сакаме…

Зборовите Те сакам некој ги изговара многу често, некој поретко, некој веднаш на почетокот на врската, а некој покасно.

Не е важно во кој период од животот ги изговараме, важно е да се изговорат во моментите кога тоа е најпотребно.

 

„Жал ми е”

Грешките кои сите намерно или ненамерно ги правиме, исто така се во човековата природа.

Но, без разлика за каква грешка станува збор, најдобро е уште на почетокот, додека сé е пресно, да се каже Извини. Ништо нема да ни се случи ако ние, без разлика дали сме виновни или не, први го изговориме овој збор.

„Сакам да те разберам”

Доколку сте во врска, често се лутите на вашиот партнер, бидејќи не разбирате зошто се однесува така како што се однесува. Наместо да се обидете да го разберете, најчесто го осудувате. Ако однесувањето на партнерот кое не го разбирате се повторува секојдневно, помислувате дека партнерот намерно со тоа ви предизвикува нервоза.

Кажете му дека сакате да го разберете неговото однесување и побарајте од него да ви објасни за што точно станува збор. Речете му „Сакам да те разберам, помогни ми околу тоа”.

Разговарајте за тоа, разговорот е најважен кога станува збор за решавање на многу проблеми.

„Што мислиш за ова?”

Сите сакаат да се слуша нивното мислење, но понекогаш треба да се земе предвид и нечие друго мислење. Мислењето на партнерот секако е најважно, а на моменти и одлучувачко во некои ситуации, па затоа треба сé повеќе да се земе предвид.

Барајќи мислење од некој ваш близок, вие всушност кон него изразувате огромна почит.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here