МТВ ќе врши пренос од пристигнувањето на Вардар во Скопје

466
0
SHARE

Македонската радио телевизија ќе врши пренос од пристигнувањето на ракометарите на Вардар, потврдија за порталот Република од МТВ.

„Црвено-црните“ се нови европски владетели, откако во финалето на Лигата на шампионите го победија унгарскиот првак Веспрем со 27-24.

Како што најавија од Град Скопје, кој го организира пристигнувањето и дочекот на ракометарите на Вардар на плоштадот „Македонија“, се очекува тие со чартер-лет да пристигнат во 18.50 часот, а потоа, пратени од навивачите и сите љубители на ракометот да пристигнат во центарот на градот.

Таму илјадници луѓе, како и пред две години, ќе му се поклонат на новиот европски ракометен правак.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here