Мухамед Зекири со скандалозен статус го нападна Кире Лазаров! (ФОТО)

474
0
SHARE

Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, на својот ФБ профил излезе со скандалозен статус против капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров.

Лазаров се здоби со повреда на стартот на натпреварот против Шпанија и поради тоа го пропушти натпреварот против „фуријата“ до самиот финиш.

Најдобриот македонски ракометар на стартот се здоби со удар и се пожали на повреда на задната ложа. Раул Гонзалез реши да не ризикува и веднаш го повлече од игра, по што не се појави на паркетот до крајот на мечот.

По оваа повреда на Лазаров, пратеникот на СДСМ Мухамед Зекири како едвај да чекаше, па на социјалните мрежи се јави со статус во кој го оспорува искуството на Кире и го обвинува нашиот капитен дека лажно е повреден.

-Кире Лазаров покажува на дело колку е искусен… Откако виде дека не ни оди против шпанците се “повреди” и нормално нема да игра до крајот на натпреварот…  #СамоВелам, напиша пратеникот на СДСМ. 

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here