Мурињо најави “чистка” во Манчестер

405
0
SHARE

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, им соопштил лично на дефанзивците Матео Дармијан и Дејли Блинд дека нема да смета на нив во новата сезона и можат слободно да бараат нови тимови, пишува „Тајмс“.

Блинд и Дармијан имаат договори до летото 2019 година, а со нивна продажба, „црвените ѓаволи“ се обидуваат да внесат свеж капитал во клубот.

Двајцата играчи пристигнаа на „Олд Трафорд“ за време на раководство на поранешниот менаџер Луис ван Гал, но по оптимистичкиот почеток тие постепено ги загубија нивните места во стартниот состав и станаа силни резерви.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here