На аеродромот во Солун уапсена жена за трговија со органи

480
0
SHARE

Цариниците на солунскиот аеродром „Македонија“ во багажот на патничка, која од Москва пристигнала во Солун, пронашле стерилизирани човечки клетки што се користат за кератопластика, односно за трансплантација на рожницата на окото, јави дописничката на МИА од Атина.

Специјално спакуваните клетки ги немале потребните потврди како што е предвидено од Националната организација за трансплантација и затоа биле запленети како предмет на нелегална трговија.

Патничката била уапсена, а тврдела дека како туристички водич требала да преземе странци од Солун и да ги однесе на островот Крф и дека знаела оти пренесува лекови, што требала да ги достави до вработен во туристичка агенција.

Случајот го презел надлежен јавен обвинител. Независната управа за јавни приходи на Грција соопшти дека станува збор за важен успех во борбата против нелегалната трговија со човечки органи.

Извор Нетпрес

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here