На лов наместо пленот случајно го застрелал својот пријател

150
0
SHARE

Според првичните информациите од МВР денеска околу пладне во полициската станица во Прилеп било пријавено дека сега починатиот прилепчанец со свои пријатели биле на лов диви свињи во Мариово.

Еден од групата ловџии најверојатно по грешка наместо во пленот за одстрел, пукал во својот другар. Бидејќи теренот бил недостапен повикан е хеликоптер за да биде извлечено телото.

Екипа од итната медицинска помош констатирала дека младиот ловџија им подлегнал на повредите.

По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција,а со дополнителна истрага ќе се утврдуваат вистинските причини за овој несреќен случај.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here