Организатор на манифестацијата беше општината во соработка со Сојузот на жени на Гази Баба, а активно учество земаа сите урбани и месни заедници во општина Гази Баба.
Изложените пивтии беа продавани а најдобрите од нив добија и награди. Собраните средства од продажбата на пивтиите ќе бидат наменети за Детската клиника.
Изложувачите на пивтии велат дека традиционално секоја година се дел од оваа манифестација, и се задоволни од продажбата на пивтиите.
Посетителите велат за убавото расположение се заслужни музичките гости, и топлите напитоци. Некои од нив, Пивтијадата ја посетуваат секоја година, а други пак, за прв пат се тука
Извор МТМ