На Шилегов му тргна со зелени покриви, сега на ред е ТЦ „Мавровка“

131
0
SHARE

Нов, трет по ред, рамен покрив кој ќе биде претворен во зелена оаза најави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов. По Градски трговски центар и Домот на градежниците „Кочо Рацин“ уредени зелени површини на покривот сега ќе добие и Трговскиот центар „Мавровка“.

Најавата преку Фејсбук денеска даде градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов објавувајќи видео како во моментов изгледа покривот на трговскиот центар „Мавровка“.

Еве како изгледа напуштениот и неуреден простор на „Мавровка“ што набрзо ќе биде трет и најголем зелен покрив во Скопје, најави Шилегов.

Ваквата најава на социјалната мрежа Фејсбук, меѓутоа, предизвика и реакции на граѓаните кои поставија дилема дали е оправдано инвестицијата да се однесува на објект кој е во приватна сопственост.

Двете досегашни инвестиции во зелените покриви – на ГТЦ и на Домот на градежниците – се однесуваа на објекти кои се поврзани со државата како акционерско друштво и јавна културна установа, додека ТЦ „Мавровка“ нема таква врска. Но исто така треба да се нагласи дека досега градските и државните власти се јавија како финансиери на обнова на повеќе приватни објекти какви што се фасадите на зградите во центарот на градот.

Разеленувањето на Скопје е добра работа, но пред се тоа треба брзо да се прави на запустената земјена површина во градот која ја има многу, а на крововите може да им се навратиме поспоро.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here