Претставниците на Владата на Црна Гора денеска ги повикаа домашните работници во пресрет на туристичката сезона да пронајдат работа на Црногорското приморје, каде, според проценките на Заводот за вработување, ќе бидат потребни околу 20.000 сезонски работници.
Работодавачите, како и секоја година, се жалат дека имаат проблеми со неадекватниот и несоодветен персонал во туризмот, а синдикатите тврдат дека невработените не се заинтересирани пред сè поради лошите услови за работа и многу пониски плати отколку во регионот, пишува „Вијести“.
Платата на сезонските работници во Црна Гора е околу 500 евра, а во регионот само во Хрватска заработуваат повеќе, која исто така побарува десетина илјади сезонски работници.