Бројот на заболени од морбили сe уште е висок. Сметам дека до крајот на учебната година ќе се намалува интензитетот на заболени. Затоа е важно да се почитуваат препораките и мерките за сузбивање на епидемијата, рече Филипче.
Д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје, кажа дека минатата недела регистрирани се 134 новозаболени.
Останува трендот неделно да има над 100 заболени. Оваа последна недела од Скопје се заболени 48 лица, а 86 од другите градови. Од почетокот на епидемијата досега се заболени над 1.500 лица, рече Кузмановска.
Од почетокот на епидемијата, како што кажа таа досега се вакцинирани над 25.000 деца, а невакцинирани до 14 годишна возраст се околу 17.000, од кои околу 2.000 се од Скопје, а останатите од другите градови.