НАЌЕ ЧУЛЕВ: Ќе барам ново заострување на мерките

317
0
SHARE

Граѓаните на Македонија генерално го почитуваат полицискиот час, изјави на пресконференција министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Во моментов полицијата контролира 618 лица со решенија за изолација и 7307 лица со изјави за самоизолација, а во таа насока вкупно до сега има поднесено 77 кривични пријави, истакна министерот Чулев.

Министерот Чулев рече дека Главниот кризен штаб денеска донел дополнителни рестриктивни мерки кои ќе бидат дискутирани на попладневната седница на Владата.

МВР досега има направено 1674 контроли на угостителски објекти кои согласност одлуката на Владата не смеат да работат, казнете се 18 обејкит кои не ја почитувале одлуката, ќе побараме и ново заострување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, изјави Чулев.

Во врска со издавањето на потврдите за движење за време на полицискиот час, министерот одговори:

Потврдите за неограничено движење на граѓаните за големите компании ќе се издаваат преку економскиот сектор, односно самите раководители, а за вработените во државните институции преку Министерството за информатичко општество и администрација. Прес службите на Владата ќе излезат со точна и прецизна информација.

Во моментов полицијата контролира 618 лица со решенија за изолација и 7307 лица со изјави за самоизолација, а во таа насока вкупно до сега има поднесено 77 кривични пријави, истакна министерот Чулев.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here