Напладне конститутивна седница на новиот парламентарен состав

174
0
SHARE

Денеска напладне треба да се одржи конститутивна седница на новиот парламентарен состав, по предвремените избори коишто се одржаа на 15 јули. Со седницата, која е закажана за во 12 часот, треба да претседава досегашниот претседател на Собранието, Талат Џафери, кој вчера ја напушти Инфективната клиника во Скопје.

Седницата ќе се одвива според здравствени протоколи и критериуми за да се намали ризикот од евентуално ширење на коронавирусот. На пратениците, на гостите и на претставниците на медиумите при влезот во зградата на Собранието ќе им биде мерена телесна температура, по што ќе им биде овозможено да влезат во зградата. На сите влезови ќе бидат обезбедени средства за дезинфекција, пишува Макфакс.

За да се запази физичка дистанца, конститутивната седница ќе се одржи во Големата сала на Собранието (Голема купола). На пратениците ќе им биде обезбедена заштитна опрема, а гласањето ќе се одвива рачно (со картончиња). Од седницата ќе има директен пренос на Собранискиот канал на МРТ.Пренос од Конститутивната седница гостите ќе следат од пленарната сала „Македонија“, каде што ќе биде обезбедена неопходната физичка дистанца.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here