Не е важно да имаш многу луѓе околу себе. Важно е да ги имаш вистинските

83
0
SHARE

Имаше луѓе, кои по секоја цена посакуваа да ме дизајнираат по свое. Се обидуваа да ме уверат дека нивните уверувања, ставови и избори се единствено релевантни и дека јас, некој кој е склон кон учење, повеќе од делење на лекции, должна сум да ги слушам нивните ‘бесплатни’ предавања, дури и тогаш кога сите свои потребни знаења, отсекогаш ги добивав од најважното место на светот, во сопствената нутрина, таму каде што допираат чисти и искрени гласови, неизвалкани со светлата на суетата, славата и егото.

Имаше луѓе кои сакаа да ме продадат по секоја цена. Ме нудеа со изговор, дека ми посакуваат раст и напредок, а вистината беше дека стегаа палци да не пораснам поголема од нив, истовремено плашејќи се од осамениот волк во мене и добро изделканата интуиција која отсекогаш им била најголем соперник. Редовно се трудеа да ме известуваат кога некој некаде во лет низ горчина и заби ќе го изговори моето име, а тоа е нешто што отсекогаш ми зборуваше, дека тие луѓе не можат да бидат мои вистински пријатели, бидејќи кој му сервира расипано или отровно јадење на пријателот?

Имаше секакви луѓе во мојот живот, но за среќа, повеќе ги нема. Си заминаа сами или јас со исполнетата зрелост, елегантно ги потикнав на заминување.

Се’ што човекот може да направи во животот, кога е покрај другите луѓе, е да ја освести радоста или болката која ја чувствува, бидејќи таа е еден од начините, на кои свемирот го привлекува нашето внимание.

Да го знаев тоа порано, повеќе да си верував себе си, а помалку за приказните околу себе, знам, многу би било поинаку, но и вака има се’ смисла. Можеби и повеќе отколку што порано можев да замислам. Затоа мислам дека никогаш нема да престанеме да мечтаеме. Да веруваме дека животот има најдобар план за нас. Да им простиме на сите, најмногу себе си.

Да завладеете со себе, не со луѓето околу себе. Помалку да се плашиме за измислените, попатни приказни. Затоа мислам дека е единствено важно во време на најголеми замки на сопствениот ум, да ги препознаеш вистинските луѓе. Да се нахрани нивната душа и при тоа да се создаваат ваши заеднички насмевки, живот и спомени. Тие, како црно – белите фотографии, никогаш не избледуваат.

Ингрид Дивковиќ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here