Нема демант од директорката Јовановска за непотизмот во АВРМ, но затоа привлегии за блиски соработници и послушници има!

763
0
SHARE

Директорката на Агенција за Вработување на Република Македонија, не демантираше дека вработувала блиски роднини во институцијата која ја предводи. Имено, оваа директорка си ги вработила сестрата на сопругот, Трпана Бисовска, синот на сопругот, Никола Ѓуровски, внук од другата сестра на сопругот, Горан Петровски, страросватицата Слаѓана Ангелвска, која ја промовира како претседателка на општинската Аеродром на “нејзината партија”.

Ваквиот однос на Јовановска, поставена од владата на Заев, е резултат на блискоста со актуелниот премиер. Таа често пати знае да каже дека цврсто стои, позицијата и е бетонирана и дека никој не може да ја смени. Поддршка на активностите на Јовановска во голема мера дава директорката на Делчевската агенција за вработување, Биљана Прашковска. Оваа директорка, заради лојалноста и поддршката од Јовановска има добиено џип марка Мицибуши. Прашковска овој џип го користи, пред се за приватни потреби и надвор од работното време и обврски (барем така викаат Делчевчани), а покрај тоа, оваа директорка добива секој месец по 20% повисока плата директно од Јовановска, без притоа да има некаков основ или посебен резултат во работата. Неодамна Прашковска на социјалните мрежи изјави дека сите директори на АВРМ во внатрешноста се истакнати членови на СДСМ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here