Нема повеќе суканици во Владата, Алаѓозовски го препушта ресор Култура на Асаф Адеми од Беса

460
0
SHARE

Денеска до Собранието, Зоран Заев ќе ги достави предлозите за реконструкција на Владата.

Имињата на новите членови на Владата веќе се ,познати од јавноста и тие доажаат од редовите на новите коалициски партнери, Беса на Африм Гаши и ДПА на Мендух Тачи.

БЕСА на Гаши го номинира Асаф Адеми за нов министер за култура. Адеми е поранешен амбасадор во Данска како и кандидат за градоначалник на Гостивар од БЕСА.

Адеми во моментот е генерален директор на данска компанија.

ДПА ги предложи Бардиљ Даути, за министер без ресор задолжен за странски инвестиции, кој доаѓа на местото на Рамиз Мерко кој е избран за градоначалник на Струга и Митасин Бекири, како заменик министер за транспорт и врски.

Но освен што во Владата ќе влезат нови имиња, ќе има и рокади. Актуелната министерка за образование Рената Дескоска ќе биде прв човек во Министерството за правда, кое остана празно по оставката на Билен Салији. На чело на образование ќе биде предложен Арбер Адеми, актуелен заменик министер за образование, кој во 2016-2017 година беше вицепремиер за европски прашања.

Прашана како ги коментира шпекулациите за нејзиниот трансфер во Министерството за правда, Дескоска денеска изјави: „Мислам дека толку се интензивираа што веќе денеска не се ни на ниво на шпекулација“.

Таа најавува дека реформите во овој ресор ќе продолжат и понатаму.

-Без оглед кој и да е министер за образование и наука, тој ќе биде должен и мислам дека ќе има волја да ги спроведе реформите кои ги зацртавме. Јас не се откажувам од реформите бидејќи тоа се реформи на Владата. Не се лично мои или на било кој поединец. Како Влада ќе стоиме сите заедно и ќе даваме поддршка на реформите во сите области, вклучувајќи го и образованието, изјави вчера Дескоска.

На местото на Адеми ќе биде предложен Петар Атанасов, кој во моментов е пратеник  и актуелен претседател на комисијата за образование, наука и спорт во Собранието.

Единствено досегашниот министер за култура, Роберт Алаѓозовски повеќе нема да биде дел од Владата, тој целосно ја напушта владината гарнитура и нема да ротира во владините ресори.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here