Во 21 часот во ТВ Сител се јавило непознато лице и се заканило дека во студиото имало подметната бомба, потврдија полициски извори за ТВ Телма.
Веднаш по повикот била известена полицијата, а на увид на терен излегле противтерористички тимови на МВР. По проверките било констатирано дека станува збор за лажна дојава, а телевизијата во редовен термин ги емитуваше своите вести.
„Во моментот на пријавата имаше вработени внатре, а полицијата дојде, проверуваше и кажаа дека нема ништо“, изјавил за Телма вработен во телевизијата.
Во меѓувреме, полицијата започнала истрага за откривање од кој телефонски број стасала лажната закана.