Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива Собранието да направи тест за дроги на сите пратениците

839
0
SHARE

Осумтемина независни пратеници од ВМРО ДПМНЕ преку соопштение испратено до медиумите инфрормираат дека денеска ќе поднесат иницијатива до Собранието, сите пратеници доброволно да направат тест за (зло)употреба на наркотични средства.

Бараме Собранието во понеделник, да овозможи услови и лекарски тим кој ќе може ова да го спроведе. Воедно, предлагаме и другите политичари, актуелни и поранешни функционери, аднинистративни службеници, судии, обвинители, градоначалници и советници, да ни се придружат во намерата и на нашите граѓани да им дадеме добар пример во борбата против (зло)употребата на наркотични средства. Ги поттикнуваме сите вршители на јавни функции да го направат истото доброволно“, стои во соопштението.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here