НГИ КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ: САКАМЕ ДА БИДЕМЕ РАМНОПРАВНИ И ИНСТИТУЦИОНАЛНО ИНТЕГРИРАНИ ГРАЃАНИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

305
0
SHARE

МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА И ВМРО ДПМНЕ СЕ СТРАТЕШКИ ПАРТНЕРИ НА ЕГИПЌАНИТЕ, САКАМЕ ДА БИДЕМЕ РАМНОПРАВНИ И ИНСТИТУЦИОНАЛНО ИНТЕГРИРАНИ ГРАЃАНИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Амбасадите на ЕУ, Германија, Франција, Италија, мисијата на ОБСЕ како и ВМРО ДПМНЕ ,кој е првиот политички субјект што се заинтересира да го афирмира прашањето на Египќаните во Р.Македонија на институционално ниво.

Како, резултат на таа соработка, во 2002 година, од политичкиот субјект ВМРО ДПМНЕ, имаше предлог Египќаните да бидат составен и интегрален дел од Уставната Преамбула, но за жал, тоа не успеа.

Нотираме, дека токму неспомнувањето во Уставната Преамбула, која иако не произведува правни дејствија, истата преставува извор на повеќекратна дискриминација, која граѓаните Египќани ги чуствуваат и трпат последици од ваквите недемократски околности.

Имавме надеж, дека со Уставните измени, таа состојба ке се промени, но за жал, пак останавме разочарани и институционално неинтегрирани.

Ние имаме потпишано Меморандум за Соработка со ВМРО ДПМНЕ, и истиот ќе го афирмираме и со сегашниот лидер, Проф.Д-р Христијан Мицкоски, а за ова состојба, во повеке наврати детално ги известивме и Амбасадите на Франција, ЕУ, Германија, Италија и мисијата на ОБСЕ, за што добивме и соодветна подршка во насока на остварување на основните човекови права и слободи, како и рамноправен статус како ранлива немнозинска заедница, истакна лидерот на НГИ КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ, Дипл.правник Демир Далип.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here