Никола Димитров: Кредибилитетот на ЕУ е во прашање

245
0
SHARE
Macedonian Foreign Minister Nikola Dimitrov attends a news conference with his Greek counterpart Nikos Kotzias following their meeting at the Foreign ?inistry in Athens, Greece, June 14, 2017. REUTERS/Costas Baltas

Политико Европа во денешното издание ги анализира напорите на македонската дипломатија да ги убеди земјите членки и посебно францускиот претседател Емануел Макрон, да одобрат датум за преговори со ЕУ во најкус можен рок.

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, во разговор со Политико Европа, вели дека неговата задача во овој поглед е да стави на знаење на Франција дека ќе биде тешко да биде видена како земја која се амбицира да ја води Европа, а истовремено ги пропушта можностите за успех во Европа.

Макрон, според Политико Европа, е еден од европските лидери кои ќе треба да се убедат на претстојниот Совет на ЕУ да одобрат зелено светло за преговори со Северна Македонија и Албанија, но, потенцира весникот, француската страна сѐ уште не заземала конечен став по ова прашање.

Според Политико, Париз порачал дека одлуката за преговорите со Македонија ќе се постигне на „француско-германски начин“, односно дека двете водечки земји во ЕУ ќе се обидат да изнајдат компромис по ова прашање во рамки на пошироки дискусии за Европската Унија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here