Никола Димитров преку статус на Фејсбук, се правда и дообјаснува за завчерашната изјава

309
0
SHARE
Macedonian Foreign Minister Nikola Dimitrov attends a news conference with his Greek counterpart Nikos Kotzias following their meeting at the Foreign ?inistry in Athens, Greece, June 14, 2017. REUTERS/Costas Baltas

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, преку статус на Фејсбук, се правда и дообјаснува за завчерашната изјава дека „македонскиот јазик е различен од јазикот на Македонците во Грција“.

Во јавноста имаше бурни реакции на оваа изјава на шефот на дипломатијата на Република Македонија.

– Суштината на договорот од Преспа – во секој случај еден од главните столбови – е прифаќање на различното разбирање на термините Македонија и македонски, кои за нас значат едно, а за Грција друго. Ние сме етнички Македонци, припадници на македонскиот народ, со сопствена историја, култура, и наследство. Ние зборуваме македонски јазик, што е еден од јужнословенските јазици. Грчките Македонци, во грчкиот контекст и разбирање на овие поими, се етнички Грци од грчкиот регион Македонија, кои зборуваат грчки јазик, со посебен однос кон хеленската цивилизација, историја, култура и наследството, пишува Димиутров на Фејсбук.

Натаму објаснува:

– Тоа е контекстот на мојата изјава при потпишувањето на Спогодбата за отворање на граничниот премин во месноста Маркова нога, на македонски јазик, на грчки јазик и на англиски јазик, која меѓу другото завршува со повикување на членот 7, наведен подолу: „Имаме повторно еден историски договор, би рекол, после историскиот успех од Преспа, бидејќи за прв пат Договорот се применува, како и името и терминологиите договорени во Преспа. Задоволство ми е што овој Договор за отворање на граничниот премин кај Маркова Нога во регионот на Преспа го потпишавме на три јазици: на грчки јазик, на македонски јазик и на англиски јазик. Македонски јазик што е важен за нас, што го зборуваат граѓаните на Република Македонија и нашата дијаспора, и што не се однесува на грчките Македонци во контекст на членот 7“.

Натаму Димитров објаснува за член 7:

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here