Николовски: Ќе бидат разрешени сите каде ќе бидат констатирани неправилности во работењето

173
0
SHARE

Ќе бидат разрешени сите кај кои ќе бидат констатирани неправилности во работењето, истo како што тоа било случај и досега, изјави вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски.

– Борбата против криминалот и корупцијата, како и стеснување на просторот и можностите за трошење на функционерите и натаму се врв на агендата на Владата Имаме разрешени повеќе директори, заменици директори, претседатели на управни и надзорни одбори… отколку што предложила Државната комисија за спречување на корупцијата, за кои информациите стасаа до мене директно од граѓаните и медиумите, рече Николовски.

Тој додаде дека како што стигнуваат иницијативите од ДКСК до неговиот кабинет, така и се постапува и оти тоа така ќе продолжи и во иднина.

-Дали иницијативите биле доставени на друго место ќе ги прашате од ДКСК, мислам дека го уредивме и тој дел секоја иницијатива да стасува и до нас. По секој основ каде е констатирано прекршување, вклучително и на кодексот, етичките норми и највисоките етички вредности кои ги промовираме секаде, се постапува, рече Николовски, додавајќи оти е уверен дека соработката со оваа институција ќе продолжи да оди по нагорна линија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here