Норвешка не успева да најде нов пласман за своите риби откако го загуби рускиот пазар

445
0
SHARE

Норвешка губи околу една милијарда долари годишно откако Русија го затвори својот пазар за норвешките риби како одговор на западните санкции.
“По ладењето на односите меѓу Русија и Норвешка во 2014 година, ние и Норвежаните мора да се прилагодиме на новата ситуација”, рече рускиот амбасадор во Норвешка, Трајмус Рамишвили.

Норвешка уште по стапувањто на сила на санкциите према Русија од 2014та година се обидува да најде алтернатива за пласманот на својата риба, но до ден денес тоа не им успева.

“Од економска гледна точка, Норвешка загуби милијарди долари од трговијата со риби со Русија. Имаше обиди од Осло да најде нови пазари, големи надежи беа поврзани со Кина, но рускиот пазар е незаменлив”.
Претходно, норвешкиот министер за рибарство Пер Сандберг изјави за РИА Новости дека Норвешка сака во блиска иднина да го врати норвешкиот лосос на рускиот пазар. Тој изјави дека Норвешка сега ги продава рибите во Кина, Јапонија и Виетнам.

Забраната за увоз на Русија избриша 10 отсто од пазарот на лосос во Норвешка, изјави за Блумберг минатата година Мариус Гард, аналитичар на Swedbank Markets.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here