Нова атракција: Во скопската зоолошка 15 фламинга добија ново живеалиште

101
0
SHARE

Новото живеалиште за фламинга денеска свечено се отвори во Зоолошката градина во Скопје.

Во ова живеалиште ќе живеат 15 фламинга кои се едни од најегзотичните птици.

Видот на птиците, како што информира на денешната прес-конференција Тина Мицковска од ЗОО Скопје, е големо или розово фламинго, кои се доста распространети птици.

Ги има во Јужна Америка, Јужна Африка, во Европа, Португалија, Кипар, Албанија, во Шпанија.

Се работи за 15 млади птици, кои имаат помалку од една година. Сè уште немаат повпечатлива боја, но ќе ја оформат до пет годишна возраст. Бојата ја добиваат преку пигмент од специјална храна со која ќе бидат хранети.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here