Новиот украински претседател Зеленски веднаш по инаугурацијата го распушти Парламентот

652
0
SHARE

Новиот украински претседател Володимир Зеленски веднаш по неговата инаугурација го распушти Парламентот.

Во неговото обраќање пред пратениците при преземањето на функцијата тој повика и на оставка од државниот обвинител Јуриј Луценко, министерот за одбрана и шефот на тајната служба.

Зеленски истакна дека сака брзи парламентарни избори, но не прецизираше датум.

Неговите противници соопштија дека Уставот му дозволува рок од 30 дена на Парламентот за формирање нова владина коалиција и дека за тоа време претседателот не смее да го распушти.

Зеленски порача дека негов врвен приоритет ќе биде постигнување примирје во источниот дел на Украина.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here