Ново поскапување на цигарите за 5 до 10 денари

452
0
SHARE

Поскапеа цигарите без претходна најава објавува „24 Инфо“.

Читател на порталот испратил фотографија од фискална сметка на која се гледа новата цена на цигарите „Марлборо голд“, кои ги купил во тобако во Аеродром, кои до вчера чинеа 140, денеска се продаваат по цена од 150 денари.

Информацијата за поскапувањето на цигарите ја потврдија и повеќе трговци, сопственици на трафики. Дознаваме дека се поскапени цигарите од брендовите „Пал мал“, Честерфилд“, „Ориентал“, „Марлборо“ и „Бонд“. Новите цени се повисоки за 5 до 10 денари во зависност од брендот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here