Новото име на стадионот „Филип Втори“, веројатно ќе биде „Национален стадион Скопје“

720
0
SHARE

Најголемиот фудбалски стадион во Македонија ќе добие ново име. Арена „Филип Втори“ ќе замине во историјата, согласно Преспанскиот договор. Грците веќе реагирале откако фудбалската репрезентација одигра меч од квалификациите на домашен терен, а во службениот извештај стоеше дека името на стадионот е „Филип Втори“.

Издадено е и барање за промена на името на најголемиот спортски објект во државата и тоа треба да се случи во најбрз можен рок.

Постојат неколку опции за новото име на стадионот. Наместо „Филип Втори“, многу веројатно е да се вика „Национален стадион Скопје“. Многу помала веројатноста е стадионот да добие име по некој познат фудбалер или фудбалски работник. Постои размислување дека стадионот би можел да го носи и името на трагично загинатиот поп пејач Тоше Проески.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here