HCДП со предлог оваа учебна година да се прескокне

251
0
SHARE

HCДП предлага Комисијата за заразни болести и владата да ја разгледаат и можноста оваа учебна година во целост да не започне, односно учениците да останат дома цела година.

Во партиското соопштение, како аргументи во прилог на овој нивен предлог се наведува тоа што физичкото присуство на учениците во училиштата, макар тоа да биде и во ограничена форма преку одење на училиште на одредени одделенија, комбинирано со спроведување онлајн настава, може да го зголеми бројот на заразаени со коронавирус. Тука го посочуваат примерот со Израел каде, како што велат, по отворањето на училиштата се појавил нов и пожесток бран на зараза, достигнувајќи и над 2 000 новозаразени на ден кон крајот на јули.

„Најавите за можноста од повторно воведување рестриктивни мерки во есенските и зимски месеци, во ситуација на реални очекувања за влошување на епидимиолошката ситуација, ќе значи внесување дополнителни прекини и нарушувања на образовниот процес, вo која било форма да се одлучи тој да се спроведе“,посочуваат од HCДП.

Од друга страна, за оваа партија имплементирањето на онлајн наставата носи сериозен ризик за нарушување на инклузивноста на целокупниот образовен процес, поради тоа што дел од децата немаат пристап до интернет или интернет-конекцијата е неквалитетна.

„Спроведувањето онлајн настава во услови на недоволно развиена комуникациско-технолошка мрежа ќе значи влегување во ризик да се ускрати и правото на образование“, сметаат од HCДП.

Но, неодењето на учениците на училиште, како што се наведува во соопшението, не мора да значи и изгубена година за образованието во земјава и комуникацијата помеѓу наставниците и учениците може да продолжи преку воспоставување нови и креативни форми на комуникација. За владата пак, тоа може да биде година која ќе се искористи за градење на долгорочна стратегија за развој на образованието во земјава.

„Бранот на истражувања на вакцини во светски реномирани медицински центри и фармацевски компании влева оптимизам дека наредната година ќе се овозможи пристап до квалитетна вакцина која ќе понуди заштита на населението од заразата и ќе се создадат епидемиолошки услови за спроведување нормален и редовен орбазовен процес“, објаснуваат од HCДП.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here