Нухиу потпиша акт за двојазични натписи на полициските униформи

190
0
SHARE

Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на социјалните мрежи објави дека ги потпишал актите со кои полициските униформи ќе добијат двојазични натписи, на македонски и албански јазик.

Ги потпишавме нормативните акти за амблемите на полициските униформи да бидат и на албански јазик на сообраќајната полиција, граничната полиција, хелихоптерската единица за полициски должности, специјална работна сила.- напиша на социјалните мрежи министерот Нухиу држејќи двојазична плакета во рацете.

Инаку, двојазични униформи на полицијата, противпожарните единици и здравствените работници, се предвидени со Законот за јазиците кој беше усвоен во 2018 година во Собранието.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here