Обeceно 25 годишно момче најдено кај Вардар

195
0
SHARE

Пронајдено е обесено момче на кејот на Вардар.

Во СВР Скопје вчера нешто пред 20 часот е пријавено дека на кејот на реката Вардар во Скопје, во близина на ФФМ, е пронајдено обесено машко лице на возраст од околу 25 години.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Од МВР информираат и дека вчера во скопско село 27-годишно лице во гаража го пронашло обесен неговиот 51-годишен татко.

Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here