Обединетите нации: Во Македонија живеат најнесреќните луѓе на Балканот!

1001
0
SHARE

Во државите од регионот, според извештајот најсреќни се Словенците кои се наоѓаат на 44 место во светот. Позади нив се наоѓа Косово кое е на 46 место. Србија е на 70 место, Црна Гора на 73, Хрватска на 75, Босна и Херцеговина на 78 а Северна Македонија е убедливо последна и се наоѓа дури на 84 место на ранг листата од 156 држави.

Во поглед на БДП по глава на жител, најдобро е рангирана Словенија а најлошо Косово. Во пристапот до медицинска помош најдобро е во Словенија а најлошо во Македонија.

Најнесреќни на светот се граѓаните на Јужен Судан, Централно Африпката Република и Авганистан. На дното на листата се наоѓа и Танзанија, Руанда, Јемен, Малави, Сирија и Боцвана.

Според последното истражување на Обединетите нации, насловено како “World Happiness Report”, најсреќните луѓе на светот живеат во Финска, Данска и Норвешка. Во топ 10 се и Исланд, Холандија, Швајцарија, Шведска, Нов Зеланд, Канада и Австрија.

Извор Лидер

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here