Објавена е официјалната песна за европското во ракомет EHF Euro 2018

1196
0
SHARE

Уште само еден месец до почетокот на машкото ЕХФ ЕУРО 2018. Навивачите имаат доволно време да ги научат стиховите на  официјалната песна што ќе ги наполни арените низ Хрватска од 12ти до 28ми јануари 2018 година.

За овој настан, кој ќе се одржи во Пореч, Сплит, Вараждин и Загреб, РТЛ Хрватска и Хрватската ракометна федерација ги здружија силите за да ја претстават официјалната песна на Европското Ракометно Првенство во машкиот ракомет под наслов “На крилјата на победата”.

Хрватска пејачка Индира Левак е автор и изведувач на песната, Бранимир Михаљевиќ е одговорен за музиката, додека Бранимир Михаљевиќ и Денз се продуценти.

Песната има брза и енергична мелодија, го враќа и покажува натпреварувачкиот дух, и со сигурност дека публиката одлично ќе се забавува во текот на целиот настан.

Песната ќе има и англиската верзија која ќе биде објавена наскоро.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here