Од 15-ти Мај од Скопје до Белград за само 3 часа

858
0
SHARE

Во среда, на 15 мај, ќе биде пуштен во сообраќај јужниот крак на Коридорот 10 кон Македонија и Грција кај Грделичка клисура.

Со отворањето на делницата кај Грделичка клисура, Србија преку Коридорот 10 ќе биде целосно поврзана со 600 километри долг автопат од македонската граница до границата со Унгарија.

На делницата преку Грделичка клисура долга 26,3 километри, изградени се два нови тунела со вкупна должина од 2,8 км и 33 мостови.

Коридорот 10 е еден од најважните пан-европски транспортни коридори што поминуваат низ Србија и ги поврзува Австрија, Унгарија, Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија, Македдонија Македонија и Грција.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here