Од 1ви Јануари поскапување на дизел горивата во Македонија

476
0
SHARE

Собранието на Република Македонија ги изгласа измените на законот за акцизите со 47 гласа „за“ и 25 „против“. Со овие измени се предвидува покачување на акцизата за дизел горивата за три денари од 1ви Јануари.

Досега акцизата изнесуваше 12,1 денар, а по Нова Година ќе изнесува 15,1 денари по литар.

Ова е сериозено финанскиско оптеретување како за граѓаните така и за бизнис секторот и стопанството со што се очекува поскапување на сите производи и услуги. Министерот за финансии, Драган Тевдовски сепак изјави дека не се очекуваа инфлаторско придвижување и дека граѓаните и јавноста треба да бидат спокојни.

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека целта на зголемената акциза не е за да се намали загадувањто, туку за да се наполни државната каса. Според нив, тоа најмногу ќе влијае на таксистите, земјоделците и останати категории граѓани.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here