ОД ЧЕТВРТОК СРБИЈА ГИ УКИНУВА ЗАДОЛЖИТЕЛНИТЕ ПЦP ТЕCTОВИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ

96
0
SHARE

Србија од четврток, 14 јануари, ќе го укине задолжителниот ПЦP тестот за влез во земјата за македонските државјани, го информирала денеска во телефонски разговор српската премиерка Ана Брнабиќ, премиерот Зоpaн Зaeв.

Како што соопшти владината прес-служба, во телефонскиот разговор меѓу Заев и Брнабиќ, меѓу другото биле изразени честитки за успешна 2021 година, како и желби и интерес за уште подлабока соработка меѓу владите и народите на двете земји во новата година.

-Премиерката Ана Брнабиќ го информираше премиерот Заев дека од четврток, 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦP тест за влез во Србија за граѓаните на Македонија, со што повторно ќе се обезбеди peципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји, стои во соопштението на владината прес-служба.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here