Од денес, на Водно без автомобили

462
0
SHARE

Една од првите најавени мерки на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов од денес стапува на сила.

Градот Скопје од денеска воведе забрана за движење возила на патот до Средно Водно која ќе важи секој викенд и за време на државните празници, и тоа во еден правец, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно.

Градот Скопје воведе 2 (две) нови пробни автобуски линии што сообраќаат по принципот на шатл-линии, односно, автобусите се полнат со патници на почетната станица и возат без застанување до Средно Водно. Едната автобуска линија тргнува од пред катната гаража на улицата Свети Кирил и Методиј, а втората тргнува од паркингот кај Цветниот пазар (Дом на печат).

Покрај 2. (двете) нови пробни автобуски линии, граѓаните можат непречено да ја користат и постојната автобуска линија – линијата со број 25 до Средно Водно.

Возењето на овие три автобуски линии (25, 25А и 25Б) на почетокот ќе биде бесплатно а бесплатно е и паркирање во катната гаража на улицата Свети Кирил и Методиј и на паркингот кај Цветен пазар (Дом на печат).

Забраната за движење моторни возила до Средно Водно нема да се однесува на автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), возилата на полицијата, противпожарната бригада, итната медицинска помош, возилата на штабовите за итни интервенции, како и на возилата со посебни одобренија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here