Од денеска може да се патува во Бугарија со негативен ПЦР тест

36
0
SHARE

Од денеска, 28 јули, граѓаните на Македонија, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Молдавија, Израел и Кувајт можат да влезат во Бугарија со негативен ПЦР тест, направен во последните 72 часа, гласи одлуката на бугарското Министерство за здравство. За граѓаните на Украина условот да достават негативен ПЦР тест важи од 30 јули.

„Главните причини за одлуката на Министерот за здравство се: активности на сезонски земјоделски работници и работници од областа на туризмот; на лица кои патуваат за обука; патници од хуманитарни причини и претставници на трговски, економски и инвестициски активности“, стои во соопштението.

ПЦР тест не е потребен за лица кои пристигнуваат во Бугарија од земји членки на ЕУ, Велика Британија и Северна Ирска, земји од Шенген, како и од Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Република Кореја, Тајланд, Тунис, Источна Република Уругвај. Тие не подлежат на 14-дневна карантин.

Бугарија пред речиси две недели воведе привремена забрана за влез на нејзината територија за сите лица од Македонија, без оглед на нивното државјанство, како резултат на лошата епидемиолошка ситуација со коронавирусот во земјава.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here