Од денеска во Албанија започнува вакцинацијата против Ковид-19

70
0
SHARE

Вакцинацијата против коронавирус започнува денес во Албанија, нагласи премиерот Еди Рама.

“Добри вести. Започнува вакцинацијата против Ковид-19”, напиша Рама на својот Фејсбук профил. Деталите за процесот на вакцинација сè уште не се познати.

Албанската влада обезбеди 500.000 дози од вакцината произведена од Фајзер и БиоНТех.

Рама на 1 јануари, врз основа на планот за вакцинација, рече дека првите 10.750 дози на вакцината ќе пристигнат во Албанија во третата недела од месецот, додека други 30.250 дози во февруари.

Пред неколку дена го посети стадионот „Ер Албанија“ заедно со министерката за здравство Огерта Манастирлиу. Стадионот ќе служи како прв центар за вакцинација.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here