Од jануари нов Македонец во Серија А

796
0
SHARE

Веќе од првите денови од новата година во Серија А освен Горан Пандев, ќе гледаме уште еден македонски фудбалер.

Станува збор за Душан Филимановски. Филимановски своевремно го носеше дресот на Црвена Звезда и Кавала, а до вториот дел од сезоната ќе настапува за италијанскиот тим Беневенто кој изминатиот викенд ја запиша првата победа.

Македонецот во Серија А пристигнува од Хамбург, а со Беневенто се договори за договор на шест месеци.

Да потсетиме, овој клуб има навика да доведува Македонци, со оглед на тоа што минатата сезона додека се натпреваруваа во Серија Б во своите редови го имаа Никола Јакимовски.

Беневенто е последна екипа со само четири освоени бодови од 19 натпревари.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here