Од ноќеска на полноќ големо поевтинување на горивата

582
0
SHARE

Од ноќеска на полноќ горивата во земјава ќе поевтинат за 3, односно за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Според новиот ценовник, од утре бензинот „Супер 98“ поевтинува за три денари и ќе се продава по цена од 69,00 денари за литар, а исто толку се намалува и „Супер 95“ и ќе чини 66,50 денари.

Цената на дизелот се намалува за 2,5 денари и ќе изнесува 60,00 денари за литар.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here