Од утре до 24-ти во Маврово ќе се одржи „Снежен град – 2019“,

678
0
SHARE

По 42-ри пат, од утре до 24-ти овој месец во Маврово ќе се одржи традиционалната детска манифестација „Снежен град – 2019“, на која ќе учествуваат ученици од основни училишта од Скопје, Куманово, Виница и Тетово.

Во рамките на манифестацијатаќе се одржат и други активности од забавно-рекреативен карактер, како избор на снежна убавица, спортски игри и натпревари во пинг понг, билијард, шах, училишна квизотека, пикадо, снежен крос, најслатка бонбона, снежно бинго, бал под маски и забава во дискотека за учесниците.

На 24 февруари во 11:00 часот децата – градителите ќе го претстават и свечено ќе го отворат „Снежниот град“ за сите посетителите кои ја сакаат оваа уметност да ги разгледаат ремек делата на малите креативци направени од снег.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here