Од утре почнува распустот: Завршува учебната 2018/2019 година

218
0
SHARE

За околу 270 илјади средношколци и основци, меѓу кои и 20.000 првачиња утре е последниот ден од учебната 2018/2019 година.

На учениците кои завршуваат деветто одделение им претстои запишување во средно образование. Првото пријавување во јунскиот уписен рок е на 17 и 18 јуни, а второто на 24 и 25 јуни.

Според Конкурсот на Министерството за образование наука, за учебната 2019/2020 година слободни се вкупно 35 690 ученички места.

Матурантите, пак, пред да се запишат на факултет во август, треба да поминат уште две тестирања од државната матура овој месец – во вторник е полагањето на третиот екстерен испит (бизнис, историја, биологија, филозофија, хемија, физика, естетика или социологија), а на 13 јуни е тестот по математика.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here