Полициски службеници го извлекоа безживотното тело на дваесетгодишниот гостиварец кој вчера попладне исчезна во водите на Вардар во близина на гостиварското село Балиндол.
Според информациите на СВР Тетово, телото на Ј.М. било забележано утринава околу 10 часот во реката меѓу селата Чегране и Форино.
Увид на местото извршил јавен обвинител и според првичните сознанија на телото нема траги од насилство. Причините за смртта ќе бидат познати откако ќе се изврши обдукција.