Со 67 гласови „за“ Собранието ги изгласа барањата на Основниот суд Скопје 1 за одобрување на притвор на шесте пратеници од опозицијата осомничени за инволвираност во настаните во Законодавниот дом на 27 април.
Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Жаклина Пешевска, Љупчо Димовски од денеска немаат право на имунитет кој го поседуваат пратениците од Собранието. Седницата траеше половина час а единствена точка беше одземањето на имунитетите. Во салата не беа присутни пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. За гласаа сите пратеници од парламентарното мнозинство.