Официјален претставник на американската амбасада во Москва се обидел да внесе граната на аеродромот Шереметјево

349
0
SHARE

Официјален претставник на американската амбасада во Москва се обиде да достави минофрлачка граната со детонатор на аеродромот Шереметјево во неговата торба, објави руското Министерство за внатрешни работи.

Како што е наведено, граната пронајдена таму не била исполнета со експлозив. Службеникот на амбасадата полета во Њујорк откако му беше одземена граната.

Руските власти ја информираа Американската амбасада за инцидентот, објавија медиумите. “Се надеваме дека Амбасадата во блиска иднина ќе ги разјасни деталите за инцидентот”, се вели во соопштението на МВР.

Министерството за надворешни работи на Русија издаде соопштение во кое смета дека е ова е намерна провокација.

Имајќи ги предвид сите безбедносни мерки што ги презеде Америка на аеродромите од терористичките напади во 2001 година, тој едноставно мораше да знае колку е сериозна работа да има граната во куферот. Тоа значи дека свесно го сторил тоа “, тврди руското Министерство.

Извор Спутник

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here