Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

424
0
SHARE

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице за работна позиција Раководител на експозитура: Крива Паланка, на неопределено време.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување, солидна месечна нето плата и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати.

Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации:

– Најмалку високо образование од областа на економските науки;

– Минимум 3 години релевантно работно искуство од областа на банкарството и продажба на банкарски производи.

Избраниот кандидат треба да поседува:

– Развиени односи со деловни клиенти;

– Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;

– Самомотивираност и способност за самостојно работење;

– Флексибилен и креативен приод кон луѓето и проблемите;

– Добри аналитички способности;

– Висок степен на прецизност;

– Креативност и способност за паралелно извршување на повеќе активности;

– Менаџерски вештини за координирање и управување со луѓе;

– Способност за работа со утврдени временски рокови;

– Можност и афинитети за работа на терен;

– Солидно познавање на англиски јазик;

– Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери;

– Возачка дозвола „Б“ – категорија.

Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на ЦКБ, Ве молиме да испратите Ваше CV и пропратно писмо на следниов mail: hr@ccbank.mk

Огласот ќе биде активен заклучно со 08.07.2018 година.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации и воедно ги исполнуваат условите во огласот, ќе бидат повикани на интервју кое ќе се одржи во просториите на Централна кооперативна банка АД Скопје.

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here