Ограбени две обложувалници на Спорт Лајф за 24 часа

524
0
SHARE

Во Скопје вчера околу 22 часот, на улица „Маџари“ во спортска обложувалница „Спорт лајф“од страна на две непознати лица со закана со пиштол извршено е разбојништво, при што се одземени 151.500 денари од дневниот промет.

Утринава во 9 часот во Полициска станица Гостивар вработен во спортска обложувалница „Спорт лајф“ лоцирана на улица „Маршал Тито” во Гостивар пријавил разбојништво извршено од непознато лице кое со закана со пиштол го одзел дневниот промет по што го напуштил местото на настанот.

Увид на местата на настанот извршиле екипи од Секторот за внатрешни работи во Скопје и Гостивар, се превземаат мерки за откривање на сторителите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here