Оливер Спасовски заеднички кандидат од СДСМ-ДУИ

375
0
SHARE

Актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, е заеднички кандидат на владејачката коалиција СДСМ – ДУИ, дознава Медијал.мк од извори внатре во коалицијата. Името на Спасовски било избрано на синоќешниот состанок помеѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев и на ДУИ, Али Ахмети.

Се чини дека сите останати кандидатури паѓаат во вода, бидејќи Спасовски е најлојален на претседателот на СДСМ Зоран Заев и тој цврсто застанал зад неговата кандидатура, исклучувајќи ги Никола Димитров и Радмила Шеќеринска.

СДСМ на предстојните претседателски избори нуди тврд партиски активист за разлика од против кандидатот на опзицијата Гордана Силјановска Давкова која е над партиски кандидат.

Спасовски е роден во Куманово, а во биографијата се забележува дека бил пратеник во Собранието на предвремените парламентарни избори одржани во декември 2016 година. Од 2001 до 2005 година работел како советник на градоначалникот на Куманово.

Од 2008 до 2011 година работел како секретар во општина Куманово. Спасовски зборува англиски и француски јазик. Тој е женет и има две деца.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here